Веб-страницата на Македонската берза деновиве е меѓу најотвораните страници. Компаниите почнаа да ги објавуваат финансиските резултати остварени во првата половина од годинава, а инвеститорите ги анализираат. Вчера извештајот за своето работење го објави водечката телекомуникациска групација во земјава, „Македонски телеком“. Таа во првото полугодие има добивка од 17,3 милиони евра, која е намалена за 39,5 отсто споредено со истиот период лани. Приходите на компанијата, исто така, бележат пад од 9,2 отсто. Дел од тоа се должи на намалување на приходите од фиксната телефонија, како резултат на намалениот број на корисници за 7,4 отсто во споредба со истото полугодие од изминатата година. Опаѓањето на приходите од мобилна телефонија најмногу се должи на намалувањето на приходите од говорни услуги, бидејќи се намалила базата на претплатници со што до крајот на јуни имало вкупно 1,19 милиони претплатници. Освен тоа, од „Телеком“ евидентираат и намалување на просечниот приход по корисник за 7 отсто. „Сепак, дури и со оваа силна конкуренција во цените, ’Т-Мобиле Македонија’ ја одржа својата водечка позиција на пазарот со 48,1 отсто удел на пазарот“, пишува во извештајот на компанијата...
Веб-страницата на Македонската берза деновиве е меѓу најотвораните страници. Компаниите почнаа да ги објавуваат финансиските резултати остварени во првата половина од годинава, а инвеститорите ги анализираат.
Вчера извештајот за своето работење го објави водечката телекомуникациска групација во земјава, „Македонски телеком“. Таа во првото полугодие има добивка од 17,3 милиони евра, која е намалена за 39,5 отсто споредено со истиот период лани. Приходите на компанијата, исто така, бележат пад од 9,2 отсто. Дел од тоа се должи на намалување на приходите од фиксната телефонија, како резултат на намалениот број на корисници за 7,4 отсто во споредба со истото полугодие од изминатата година.
Опаѓањето на приходите од мобилна телефонија најмногу се должи на намалувањето на приходите од говорни услуги, бидејќи се намалила базата на претплатници со што до крајот на јуни имало вкупно 1,19 милиони претплатници. Освен тоа, од „Телеком“ евидентираат и намалување на просечниот приход по корисник за 7 отсто. „Сепак, дури и со оваа силна конкуренција во цените, ’Т-Мобиле Македонија’ ја одржа својата водечка позиција на пазарот со 48,1 отсто удел на пазарот“, пишува во извештајот на компанијата. Приходите од интернет и дигитална телевизија бележат раст за 8 отсто во споредба со првото полугодие од минатата година. Бројот на ДСЛ интернет-корисници пораснал за 10 отсто, создавајќи база од 180 илјади корисници на крајот од јуни додека пак, бројот на корисници на дигитална телевизија ИПТВ во истиот период се зголемил за 58 отсто.
Вчера и Охридска банка објави дека во првите шест месеци остварила добивка од 1,3 милиони евра, што е за 31,6 отсто повеќе споредено со истиот период од минатата година. Претходно и Стопанска банка - Скопје објави добивка од 8 милиони евра. Додека една од најголемите банки Комерцијална во првото полугодие годинава прикажа загуба од околу 6,5 милиони евра.
Голем е бројот на компании кои деновиве ги објавија резултатите, а кои можат да се пофалат со добивка. „Алкалоид“, „Македонија турист“, „Макстил“ „Фершпед“, „Скопски пазар“ можат да се пофалат со добивка од работењето во првите шест месеци годинава.
На врвот последниве години е „Алкалоид“. Неговата добивка за првите шест месеци изнесува 4,5 милиони евра. Најголемата фармацевтска компанија бележи добри резултати во сите сегменти од своето работење.
Во позитива се и „Фершпед“, „Макстил“, „Скопски пазар“, „Македонија турист“, а во минус ОХИС, Тутунскиот комбинат - Прилеп, „Жито Вардар“.